Собранието го разреши Фадил Зендели од функцијата член на Комисијата за избори и именувања со 61 глас „за“, ниту еден против и воздржан.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето, обвинувајќи го владејачкото мнозинство за кршење на процедурите од деловникот.
Работата на комисијата беше блокирана со месеци поради неможноста за свикување на седница за избор на нови уставни судии и членови на Агенцијата за медиуми и на Советот на МРТВ.
Претседателот на Собранието Џафери ја прекина седницата и најави дека за нејзиното продолжување пратениците дополнително ќе бидат известени. За во наредните два часа најави седница за pредлог-декларација за состојбата во Украина. Истакнувајќи дека Декларацијата е доставена до него апелираше пратениците да бидат достапни и да очекуваат нова седница.