Фото: МИА

Најавува Антонио Милошоски

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе закон во Собранието за измена и дополнување на законот за регистрација на здруженија на граѓани каде ќе стои еден член дека се забранува основање или формирање на здружение кои според статут или според име ќе имаат било каква врска со фашистичкиот режим или со Третиот Рајх, кажа пратеникот и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Милошоски се осврна и на утрешниот протест во Охрид.

– Денеска имаше изјава на таа тема, ние сметаме дека граѓаните имаат полно право да го искажат своето незадоволство и тие на околните места кои што ќе им се придружат. Но, во секој случај би било добро тоа да биде на еден мирен и достоинствен начин. За да се покаже поголема демократска зрелост од оние кои што сакаат да не претстават во поинакво светло – истакна Милошоски.