Фото: Маја Јаневска-Илиева

Мојата партија ме избрка, кажа независниот пратеник во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат“, тврдејќи дека БЕСА потоа не прифатила да има состанок на партиските органи за тој да ги изложи неговите аргументи.

– Мојата партија ме избркa, не прифаќајќи состанок на нејзините тела за да ги слушне моите аргументи, ниту пред, ниту по мојата акција. Претседателот ме избрка од партијата преку социјалните мрежи. Јас проценив дека не треба да гласам за недоверба на Владата – тврди Реџепи.

Тој се најде во центарот на вниманието на јавноста откако ги поремети плановите на опозицијата за преземање на парламентарното мнозинство и за уривање на Владата.

Реџепи потоа беше исклучен од БЕСА, па го промовираше проектот „Европа 21“ со цел обединување на прогресивните политички сили за задржување на европската перспектива на Македонија.

Поранешниот член на БЕСА неделава беше фотографиран во друштво на пратеникот Изет Меџити и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, што го отвори прашањето за приклучување кон т.н. „огнена група“ во ДУИ.