Фото: Макфакс

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, официјално ја поднесе иницијативата за референдум до Собранието.

„Можам да информирам дека се собрани некаде околу повеќе од 650 потписи, за не повеќе од половина час, и како што најавивме денеска ќе ја доставиме Иницијативата до Собранието. Се надевам дека претседателот на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе си почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа но како што налага и Законот за референдум и други видови на граѓанско изјаснување – рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно неделава во Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата за референдум за укинување на договорот за добрососедство со Бугарија. Побара со референдумот, на еден трошок, да се организираат и предвремени избори.

За да се распише задолжителен референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи. За референдумот да биде успешен, треба да излезат и да гласаат над 910.000 граѓани.