Фото: МИА

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во одговор на новинарско прашање за начинот на соработката во новиот владин состав, одговори дека ќе понуди професионален однос.

Таа во одговорот го коментираше и ставот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во вчерашното гостување на ТВ Телма посочи дека бил против „пржинска влада“ заради спротиставеноста и разлчиките во ставовите при носење на одлуки.

– Насилството не е карактеристика по којашто јас работам. Напротив, од моја страна ќе биде понудена соработката со оглед дека сум 22 години во Министерството и немам ниту со еден колега неколегијален или непрофесионален однос – рече Тренчевска.

Таа појасни дека и како дополнителна министерка ќе се однесува професионално во насока да се обезбедат фер и демократски избори и да не се злоупотребува Министерството во предизборниот период. Тоа, како што нагласи е единствената задача на техничкиот и на дополнителните технички министри.