Фото: Фејсбук/Изет Меџити

Роланда Превала Кадриу од Алијанса за Албанците се приклучи на „огнената група“ на ДУИ, објави предводникот на „огнените“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити.

– Имаше средба меѓу мене и членката на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Роланда Превала Кадриу, која гордо се приклучи на каузата што ја водиме! – напиша Меџити на Фејсбук.

На 24 септември минатата година, во јавноста беше објавено писмо со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „огнена група“, побараа од партиското раководството да запре „војната“ во ДУИ, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.