фото: МИА

Поранешната вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска е кандидатка за заменик-генерална секретарка на НАТО, објави „Политико“. Повикувајќи се на информации од висок дипломат на НАТО, „Политико“ наведува дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека Источноевропеец треба да биде назначен за заменик на новиот шеф на Алијансата, Марк Руте.
Доколку биде избрана, Шекеринска ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан и од земја што не е членка на Европската Унија.

„Политико“ пишува дека друг кандидат за десна рака на Руте е поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел.