Со оглед на температурната прогноза, се очекуваат генерално потопли услови од нормалните низ поголемиот дел од континентот Европа, особено во северните и централните предели. Гледајќи ја прогнозата за врнежите, се очекуваат претежно нормални до суви услови над Јужна Европа, каде што во прогнозата е вклучена и Македонија. Кај нас се очекува потопол неколкумесечен период, но и помалку атмосферски талози од вообичаеното
Истражување и прогноза за временските услови во наредните месеци од две реномирани светски метеоролошки институции
Двата најчесто користени сезонски модела за прогноза за наредниот неколкумесечен период се оние на Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег (ЕЦМВФ) и на Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство (УКМО).
И двете прогнози покажуваат просечни временски услови за трите метеоролошки пролетни месеци (март-април-мај) и ги прикажуваат преовладувачките временски услови. Но дури и ако моделите во огромен дел се покажат како прецизни и точни, тоа не значи дека ваквите временски услови би траеле три месеци по ред токму онака како што се прогнозира, туку се можни отстапки, но во сосема мал процент.
Споменатите институции направија модел со пресметки за да им олеснат на граѓаните да ги приспособат своите активности, според предвидувањата за времето, односно, за да им се овозможи на граѓаните предвидливост, да им се претстават преовладувачките временски обрасци во текот на претстојната сезона и да им бидат од корист за нивните секојдневни професионални или приватни ангажмани.
Моделот на УКМО покажува многу слична прогноза со онаа на ЕЦМВФ, со област со висок притисок над Европа и сигнал за област со низок притисок над далечниот северен Атлантик. Во прогнозата на УКМО, областа со висок притисок се наоѓа малку појужно отколку во ЕЦМВФ. Со оглед на температурната прогноза, се очекуваат генерално потопли услови од нормалните низ поголемиот дел од континентот Европа, особено во северните и централните предели. Гледајќи ја прогнозата за врнежите, се очекуваат претежно нормални до суви услови над Јужна Европа, каде што во прогнозата е вклучена и Македонија. Кај нас се очекува потопол неколкумесечен период, но и помалку атмосферски талози од вообичаеното.
Според обете споменати институции, тоа во голема мера е очекувано, со оглед на прогнозата за висок притисок од калкулираните прогностички модели. Но северниот дел и делови од Централна Европа покажуваат повеќе врнежи во пролет, што укажува на влијанието на зоната со низок притисок на север.
За наредниов месец, пак, во февруари, Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег предвидува претежно повисок притисок над Централна и Западна Европа со зони со низок притисок далеку во северниот дел на Атлантикот. Гледајќи ја прогнозата за температурата на површината се забележува потопол прогностички модел за поголем дел од континентот, под влијание на зона со висок притисок. Сепак, треба да се забележи дека под силно подрачје на висок притисок постои веројатен настан на инверзија, што може да донесе ниски температури во пониските региони.
За издвојување е дека метеоролошкиот портал „Севијр ведр Јуроп“ објави долгорочна прогноза за претстојната пролет. Имено, прогнозите што ја опфаќаат и пролетта 2025 година покажуваат генерално потопла сезона во Европа, со вообичаени врнежи. Во прогнозата на метеоролошкиот портал се предвидува претежно висок притисок за Европа, со системи со низок притисок и млазници струја што туркаат понатаму на север. За време на преодниот период од зима во лето, може да се очекува широк опсег на временска динамика. Исто така, ќе биде забележливо влијанието на океанскиот настан Ла Ниња, како и сезонскиот застој на стратосферскиот поларен вител.
Временска прогноза за Република Македонија за следните три дена
Извор: УХМР/ www.uhmr.gov.mk