Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во утринската емисија на радио „Лидер“ уште еднаш нагласи дека под овие услови, ниту сега, ниту во иднина, ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи Бугарите да влезат во Уставот.

– Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не дојде до промена на условите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата нема да се случат промени. Ви реков од принципиелни причини – истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека досега Бугарија нема покажано добра волја кон Македонија.

– Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат. Јас не знам друга држава која имала билатерален спор во Преговарачка рамка – рече Мицкоски.