Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со нашата земја, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија, пренесува МИА.
– Ништо нема да правиме под притисок – изјави Петков при посетата на местото Садово, кое беше погодено од град.
Како што јави БГНЕС, Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барање и потреби за поддршка на Бугарите во земјава можат да бидат гарантираат преку европскиот процес.
– Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што – додаде Петков.