Нема да донесам независна одлука за С.Македонија, би ја следел исклучиво волјата на бугарскиот парламент – изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, a пренесуваат тамошните медиуми.
-Секогаш кога се обидуваат да ја разнишаат државата, ја креваат картата на С Македонија, секогаш тоа ни се случува. За да остане оваа коалиција нестабилна, постојано се зборуваше за С. Македонија и за идното предавство на Бугарија, 20 пати повторив дека нема да има одлука на оваа тема без бугарскиот парламент, како да не сум рекол. Она што ќе го видите во следните неколку дена ќе биде конечниот одговор на ова прашање. Јас како премиер нема да донесам никаква одлука доколку тоа не добие зелено светло од бугарскиот парламент. Следната недела ќе одам во Брисел, ако немаме одлука на бугарскиот парламент, единствено што ќе кажам во Брисел е: ветив дека оваа одлука треба да ја донесе парламентот и бидејќи не е донесена, јас нема да направам никаква промена во бугарската позиција – нагласи Петков.
Тој во продолжение говореше и за францускиот предлог.
– Првите услови со С.Македонија беа 5 +1. Со најава за нов пристап кон пријателскиот говор веднаш се согласија и станаа 4 + 1 без да бараат реципрочно движење од Бугарија. Втората работа што се случи е дека во францускиот предлог, иако не го прочитав, има гаранција за Бугарите во С Македонија за антидискриминација и дека земјата нема да ги започне преговорите додека не го смени Уставот и Бугарите да станат дел од народите што ја претставуваат таа држава – рече бугарскиот премиер.