Фото: Левица

Левица со 6.664 амандмани во Собранието ќе се обиде да ги спречи предлог-законите поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 8, соопшти опозициската партија.

– Освен што ќе платиме најскап километар по автопат во историјата, оваа странска компанија ќе може легално да го третира македонскиот работник како роб – со работна недела од фрапантни 60 часа. Низата штетни закони, кои СДС и ДУИ сакаат да ги шверцуваат со европско знаме, предвидуваат експропријација на земјиште само со одлука на Влада, ослободување од даноци за странската компанија, како и пренамена на шумско земјиште без дозволи и одобренија – се вели во соопштението од Левица.

Од Левица сметаат дека остатокот од опозицијата не понудил ништо за спротивставување на договорот со „Бехтел и Енка“, освен „празна реторика и едвај 10 амандмани“.