Поранешниот министер за финансии и активен аналитичар и коментатор на актуелните политички збиднувања во земјава Џевдет Хајредини јасно става до знаење дека ова што се прави не е во ред. – Што има врска репрезентативец на Албанија со Владата на РМ? Груби во својот кабинет го пречека Јасир Асани, кого го нарече „нашиот фудбалер“. Според Ковачевски, секој во својата канцеларија може да прави сè што сака… дури и како тој градоначалникот на градот Кукс, во Албанија – го искажа својот став Хајредини, сатирично споредувајќи го ова недозволено поведение на носител на јавна функција, со секс-скандалот на градоначалникот на Кукс, кој беше фатен со девојка во својот кабинет
Носители на државни функции флагрантно демонстрираат како Македонија не ја чувствуваат како своја држава
Пред некој ден првиот вицепремиер Артан Груби во својот кабинет прими фудбалер на албанската фудбалска репрезентација, ословувајќи го како „нашиот фудбалер“.
– Задоволство беше денес во мојата канцеларија да го пречекаме нашиот фудбалер, дел од албанската репрезентација, Јасир Асани. Му честитав на Јасир за двата одлични настапа и спектакуларниот гол што го постигна против Молдавија, го охрабрив да продолжи да работи професионално. Ќе продолжиме да го поддржуваме на секој чекор од неговата кариера, посакувајќи тој и соиграчите да се пласираат на Европското фудбалско првенство – објави Груби на својот фејсбук-профил.
Без оглед што кабинетот на првиот вицепремиер повеќе личи на спортска арена, отколку на официјална владина институција, сепак очигледно е дека Груби заборава дека прима плата од македонските граѓани да работи за доброто на својата земја и на нејзините граѓани наместо да промовира и угостува странски фудбалери.
И додека од македонските официјални власти нема никаква реакција за злоупотребите на институциите за приватни цели, реагираше поранешниот министер за финансии и коментатор на актуелните политички збиднувања во земјава Џевдет Хајредини, кој јасно става до знаење дека ова што се прави не е во ред.
– Што има врска репрезентативец на Албанија со Владата на РМ? Груби во својот кабинет го пречека Јасир Асани, кого го нарече „нашиот фудбалер“. Според Ковачевски, секој во својата канцеларија може да прави сè што сака… Дури и како тој градоначалникот на градот Кукс, во Албанија – пишува Хајредини на социјалните мрежи, алудирајќи на секс-скандалот на градоначалникот на Кукс, кој беше фатен со девојка во својот кабинет.
Коментираше и универзитетската професорка Мирјана Најчевска, која смета дека на раководни места во земјава се луѓе што не ја чувствуваат Македонија како своја држава.
– Моментално на раководни позиции се наоѓаат луѓе што не ја перципираат Македонија како своја држава, кои не ги перципираат граѓаните на Македонија како луѓе во чиј интерес треба да работат и кои не одговараат за ниту едно прекршување на законите – посочува Најчевска.
Тие луѓе мора да бидат тргнати од раководните позиции.