Фото: Кире Михаилов/Фејсбук

Пет пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денов до 13 часот, од кои активни се три, а другите два се под контрола, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активните пожари се на територија на општините Бутел, Битола и Брвеница. Во село Визбегово горат ѓубре и ниска вегетација. Ѓубре е опожарено и во село Канино. Во село Брвеница горат стрниште и ниска вегетација.

Првиот пожар под контрола е на територија на општините Македонски Брод и Сопиште. Нискостеблеста и мешана шума биле опожарени во регионот на село Белица, место викано „Кајорец“ – општина Македонски Брод, пожар што се проширил кон Јасен во општина Сопиште. Во општина Куманово во регионот на село Пчиња опожарена била депонија.