Фото: Фејсбук

Каналите за информирање на Алијансата за Албанците се хакирани од злонамерни поединци, велат од оваа партија.

– Против злонамерните лица за вакви сајбер-криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени – велат од АА.

Како што информираат вечерва од партијата, за понатамошно известување ќе користат нови мејлови за информативни прашања, прашања од новинари или барања за коментари и за прашања поврзани со агендата на претседателот на Алијансата за Албанците.