Фто: Габриел Ескобар/принтскрин

САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

Прашан каква порака има за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Ескобар рече дека нема никого да подложува на тортура овде, но дека очекува отворена размена на гледишта и дека ќе има нешто повеќе да каже за јавноста по состанокот.

–  Нема никого да подложувам на тортура овде. Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања и единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја даваме на сите во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака – изјави Ескобар, одговарајќи на новианарско прашање.