Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот и пратениците веќе се известени за оставката на Зоран Заев од премиерската функција, Владата е во оставка и течат уставните рокови за избор на нов владин состав, истакна собранискиот спикер Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите. Тој истакна дека ќе ја констатира оставката, со што нема да има седница за пратенички прашања.

– Нема законска одредба која го спречува одржувањето на седницата, но има воспоставена пракса, за влада во оставка да нема пратенички прашања. Каква придобивка ќе има од таква седница кога Владата е во оставка? Таа само технички ги извршува должностите – објасни Џафери.