Влатко Ѓорчев денеска на прес-конференција објави дека ќе се кандидира за претседател на државата.

– Објавувам и кажувам дека ќе се кандидирам за претседател. Имам искуство, мотивација, знаење, чесност и лојалност, рече Ѓорчев на прес-конференција во Собранието на Република Македонија.

Додаде дека сега бил мотивиран повеќе од кога било и истакна дека не се плаши од противкандидатот на СДСМ.

– Директно им велам на сите кандидати од СДСМ, на 21 април ве чекам јас, но и најмалку 500 илјади граѓани на Република Македонија, да ја вратиме надежда на Македонија – рече Ѓорчев, додавајќи дека е подготвен да се вложи со целото битие и знаење.