– 21 час непрекината битка во Собрание! Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГА-МА – пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО ДПМНЕ власта не може! Честитки за големата и силна битка на сите пратеници од опозицијата! Продолжуваме со борбата за правда и борба со криминалот во Македонија! – истакна тој.

Собранието утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје. Законското решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.