Денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на новозаразени луѓе со ковид-19, и луѓе кои ги загубија своите животи. Во ваква една тешка ситуација преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој обвини дека Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона.

– На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности – рече Мисајловски.