За резолуцијата, политичките лидери и иднината

УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“: АНАЛИЗА НА ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

Во својата најнова анализа, академик Коцарев се осврнува и на резолуцијата што е неодамна поднесена во Собранието.
Притоа тој предлага таа да се дополни со мал но клучен додаток, да се зборува и пишува вака: „Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик, кој постои повеќе од илјада години и се зборува во и надвор од територијата на денешна Македонија, ниту имало, ниту има, ниту ќе има во иднина“. Во однос на прашањето како понатаму, претседателот на МАНУ смета дека кризата во Македонија истовремено е момент на можност, своевидна катарза, момент на расплетување, решавање и отплеткување.
Решенијата треба да се прости и строги, но и мудри и достоинствени, порачува академик Коцарев во својата анализа