Предвремени парламентарни избори нема да има, изјави премиерот Зоран Заев, како одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека дури и од Месечината се гледа дека ќе има предвремени избори.

– Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата – рече Заев.

Според него, Македонија веќе помина неколку пати низ вонредни парламентарни избори и само изгуби од тоа.

Заев ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но рече дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.

– Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија – посочи Заев.