фото: Фејсбук

Костурот на државата е скршен. Новиот договор кој го промовира ВМРО-ДПМНЕ е трасирање на патот по кој треба да се движи државата, истакнаа говорниците на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ, на тема „Нов договор – заеднички патриотизам“.

Професорката и пратеник Гордана Силјановска Давкова, посочи дека потребно ни е враќање на европските темели каде се цени индивидуата, партизацијата на институциите и бркање на способните и стручните млади е реалност.
– Демократскиот политички лепак е граѓанството, затоа треба да се зборува за неговото височество граѓанинот и индивидуата како извор на суверенитетот, тој конститутивен елемент обединува, ние можеме да се натпреваруваме и да бидеме рамноправни пред Уставот и законите како индивидуи, а кај нас за жал дури и она начело кое можеше да биде многу важно правична и соодветна застапеност не функционира – посочи Силјановска Давкова.

Таа додаде дека институциите во Македонија се наполнија со партиски војници, се’ се „фамилијализираше“ и така се скрши костурот на државата, па по тоа потребен ни е нов концепт и за да не се распадне општеството треба да посегнеме по европските темели, тоа е знаењето, стручноста и компетентноста на индивидуата.

Пратеничката Иванка Василевска, на трибината нагласи дека новиот договор кој што го промовираше претседателот Христијан Мицкоски на 17-от Конгрес претставува трасирање на патот по кој треба да се движи државата.