Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски, Гордана Димитриеска Кочоска и Невенка Стаменковска Стојковски се предлозите за технички министри и заменик-министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 години.

Мизрахи е предложена за технички министер за труд и социјална политика, Цветан Трипуновски ќе биде предложен за нов заменик-министер за земјоделие, а за заменик-министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска-Кочоска.

За нов заменик-министер за информатичко општество и администрација ќе биде предложена актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска-Стојковски.