Златко Марин градоначалникот на Аеродром од СДСМ, е пример за тоа како се однесува СДСМ, Марин е пример за лукративноста на мафијата на власт во време кога веќе втора година е вонредна состојба. Златко Марин, според објавените документи, прави општински набавки на производи по десеткратно поголеми цени и тоа во малопродажба рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

 „На пример, Златко Марин плаќа една ЛЕД сијалица за улично осветлување – за 48.000 денари! Внимавајте, сијалица – 48.000 денари, една! Само со едно брзо пребарување на интернет, лед сијалици за улично осветлување со истите карактеристики за кои што Марин плаќа 48.000 денари може да се најдат за 2,3,4, па еве и 5.000 денари. Колку овие 48.000 денари за сијалица се неверојатни, колку овие 800 евра за сијалица се набилдани, покажува и споредбата дека бандерата, столбот од 4 метри, со сите карактеристики и потреби за на неа да се стави сијалицата од 800 евра – чини 15.000 помалку, односно 33.000 денари. Бандера, 33.000, сијалица 48.000 денари“, вели Стоилковски.