Фото: Архива

Бугарските насилни тактики може да функцинираат во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но се чинат како крајно несоодветни на ниво на Европската Унија, пишува „Политико“, повикувајќи се на дипломат од ЕУ.

Во текстот се наведува дека ако Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот бекомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја на земјите-членки.

– Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во петокот не успеаја да го надминат ќор-сокакот и не ја убедија Бугарија да отстапи. Тоа предизвика зголемување на фрустрациите меѓу европските дипломати, кои велат дека Софија ја задржува мошне важната агенда на ЕУ за проширување со целосно внатрешен проблем, кој треба да биде решен на билатерално ниво со Северна Македонија – пишува „Политико“.

Во написот на „Политико“ се додава дека Бугарија ја информирала Европската комисија оти не може да ја прифати понудената преговарачка рамка за отворање на преговорите со Македонија.

– Тоа ја нарушува целта на германското претседателство со ЕУ за продолжување на процесот на проширување оваа година. Бугарија и Северна Македонија имаат спор за историјата и јазикот, при што Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и македонскиот јазик имаат бугарски корени, како и да се откаже од тврдењата дека има македонско малцинство во Бугарија – се наведува во анализата на „Политико“.