Доктор Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство.
– Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација – посочуваат од Министерство за здравство.
Дел од медиумите денеска објавија дека новиот министер за здравство Илир Демири го разрешил Петличковски од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести.