Во манастирот Свети Прохор Пчински покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на црковно-државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, утринава за верскиот празник Св.Илија заедничка литургија сослужуваа владици на СПЦ и МПЦ-ОА, јави дописиникот на МИА од Белград.
Со заедничката литургија во црквата во манастирот Св.Прохор Пчински чиноначалствуваше Врањскиот епископ г.Пахомије, а на литургијата сослужуваа Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и епископот Давид од ПОА.
Во манастирот Прохор Пчински празникот Илинден денеска ќе го одбележaт и Македонците од Србија, бидејќи 2 Август е државен празник за македското малцинство во Србија.
Државнo-црковна делегација денеска е во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски.
Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.
Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.
Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е спомен плочата за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која ќе се одржи и чествувањето на Илинден.