Фото: Маја Јаневска-Илиева

Националниот парк „Маврово”  доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави  информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на  потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост,  која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил.

– Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна – објавено е на фејсбук-страницата на националниот парк „Маврово”.

Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП „Маврово“.