Фото: МОН

Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и таа ќе се заокружи во следните две недели.

-Станува збор за 52 учебника изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје. Веднаш по овој приоритет, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование – информираат од МОН.

Фото: МОН

Наставниците, на редовните родителски средби за крај на првото тромесечие, ги информираат родителите дека ако од идната недела не стасаат учебниците, ќе треба или да диктираат или сами да сперемаат материјали за децата да има од каде да учат.
Учениците во овој период учеа од книга во која се сместени делови од сите предмети и таа требаше да е замена за учебниците што требаше да ги добијат.

Фото: МОН