Фото: Министерство за правда

Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда кое воедно го пренесува и напишаното на социјалните мрежи од страна на ресорниот министер, Кренар Лога.

– Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција – се истакнува во напишаното.