Попладнево во Грција е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала, што беше почувствуван во Битола.

Епицентарот на земјотресот е на 8 километри од Лерин (Флорина), на длабочина од 2 километри.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 120 километри јужно од Скопје во соседна Република Грција во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.
Земјотресот се случи во 16 часот и 14 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML4,5. Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почуствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала – велат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

По овој земјотрес, следеше уште еден од 3 степени според Рихтер.