Фото: З.А.

Вовчето Ќирчо кое сообраќаше на теснолинејката Скопје-Кичево-Охрид полни четири децении, а пред железничката станица Кичево беше поставено пред половина век, само во една прилика претрпе одредени санации. Тоа беше во периодот на преместувањето во тревникот во средиштетето на булеварот„ Ослободување“, со поглед кон градот.

Од музејот„ Западна Македонија во НОВ“ под чија грижа е и вовчето Ќирчо, поднесоа проект за да обезбедат средстсва за негова целосна санација и спас од тотална пропаст. Но, планираните средства изостанаа и вовчето продолжува да старее и да го губи својот сјај под забот на времето.

-Нашите амбиции и надежи дека ќе обезбедиме средства за санација на вовчето Ќирчо не се исполнија, бидејќи планираните средства за овој проект не се одобрени од страна на Министерството за култура. На нашето прашање до одговорните во ова министерство зошто нема средства за санација на вовчето ни беше речено дека во проектот нема подетална информација за што конкретно ќе бидат потрошени. Сега ни преостанува по претстојните избори повторно да аплицираме -вели првиот човек на кичевскиот музеј, Дардан Емини. З.А.

Вовчето Ќирчо е ноќевалиште на бездомници, неопходна му е ревитализација