Фото: Принтскрин

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на аеродромот во Софија го чекаше владиниот авион со Христијан Пендиков, генерален секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Милков рече дека без исполнување на потребните критериуми за членство во ЕУ, Бугарија не може да се согласни Македонија да стане членка на Унијата.

Кога ќе го променат однесувањето, тогаш ќе кажеме „да“ за нивна интеграција“, порача Милков.