Долгогодишниот македонски активист, Васил Радис (Радев), доби роденденска честитка од австралискиот премиер Ентони Албанезе, по повод неговиот 94-ти роденден што го прославува денес.

Роденденската честитка од Ентони Албанезе за Васил Радис

Радис минатата година беше одликуван со високото државно признание – Орден на Австралија, за неговиот придонес во македонската заедница во Западна Австралија.

Орден на Австралија, уважување за Македонија

Васил Радис е роден во 1930 година во селото Јановени, Костурско. Учествувал во Граѓанската војна на страната на ЕЛАС. По војната емигрирал во Австралија и се населил во Перт, каде што станал активист на македонската заедница – бил секретар на Македонското здружение на ветерани и претседател на Македонската заедница во Западна Австралија. Во 2003 година, канцеларијата на премиерот Џон Хауард му ја додели годишната награда за служба на народот на Австралија.