Се препорачува одложување на почетокот на второто полугодие од учебната година до 1 февруари, како заклучок на вечерашниот состанок на Кризниот штаб, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од ковид-19.

На седницата која ја водеше премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваа и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, кој ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба, како и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

Решено е и Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да известуваат почесто за епидемиолошката состојба, за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Заклучокот е предложен до Владата, која за него треба да дискутира на вечерашната седница.