Фото: Игор Бансколиев

Тони Менкиноски направи морален подвиг преземајќи ја врз себе одговорноста за којашто се товари, заштитувајќи ги така симболично сите Македонци кои се изложени на политички говор на омраза, вели академик Катица Ќулавкова

 

Пред Собранието под слоганот „И јас сум Тони Менкиноски“

Собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски во организација на „Сончева Револуција“ беше одржан попладнево пред Собранието. Менкиноски доби пријава затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид, во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава. На настанот организиран под мотото „И јас сум Тони Менкиноски“, беа развеани знамиња со шеснаесетзрачното сонце од поголема група на граѓани.

Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев

На собирот се обрати и Менкиноски кој се заблагодари за поддршката што му е дадена во моментот. Во однос на утрешниот судски процес, адвокатот нагласи дека не постои закон или меѓународен акт кои можат да нѐ спречат да го вееме македонското знаме. Тој истакна дека се работи за процес со кој треба да покажеме дека имаме право да го вееме македонското знаме, кое преставува наше етничко обележје.

– Во овој момент, во овој дел на историјата, имаме власт и одредена политичка
елита која е сервилна и која им служи на одредени туѓи интереси, а не на интересите на
Македонецот. Значи нема закон и поради таа причина е поднесено обвинение против мене за нарушување на јавен ред и мир, бидејќи не знаеле како да го срочат обвинителниот акт. Со ова сакаат да покажат дека Македонците не смеат да го веат знамето со шеснаесеткракото сонце. Сакаат да покажат, ете ние го осудивме адвокатот, којзнае што ќе ви се случи на вас. Нема ништо да им се случи, да го виорат македонското знаме, како овие деца од Сончева револуција – рече
Менкиноски.

Фото: принтскрин

Поддршка за адвокатот дадоа повеќемина македонски интелектуалци и општественици. Меѓу нив беше и академик Катица Ќулавкова, која истакна дека ако живееме во слободен свет, треба да ни биде чест да го употребуваме симболот на шеснаесеткракото сонце.

– Денес, ако живееме во слободен свет, треба да ни биде чест да го употребуваме симболот на шеснаесеткракото сонце како македонско етничко знаме. За осуда се, всушност, договорите што Македонија ги потпиша спротивно на важечкиот Устав на Македонија. За осуда е праксата прво да се потпишуваат противуставни спогодби, а после да се менува Уставот. Тоа е незамисливо во нормалниот и цивилизиран свет. Адвокатот Тони Менкиноски направи морален подвиг преземајќи ја врз себе одговорноста за којашто се товари, заштитувајќи ги така симболично сите Македонци
кои се изложени на политички говор на омраза – вели Ќулавкова.

Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев

Менкиноски без финансиски надомест со години ги застапува и брани македонските
организации од Бугарија пред судот во Стразбур, каде што учествуваше во 16 пресуди против бугарската држава.

Процесот против Менкиноски се води по пријава од СВР Охрид, а за утре е закажано судско рочиште во охридскиот суд, каде што ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир. Д.Ст.