Иако технологијата во возилата е многу понапредна, па во некои случаи може да реагира на лошата процена на возачот со различни звучни или светлосни предупредувања во возилото, таа во никој случај не е замена за добрата визуелна перцепција на возачот, кој со сетилата за вид би требало да добие чиста и јасна прегледност на сообраќајната состојба

Секој петти возач нема добра визуелна перцепција на сообраќајницата по која го управува своето моторно возило

Секоја година 1,35 милион луѓе умираат на патиштата низ светот, а уште најмалку 50 милиони се тешко повредени. Ако ништо не се преземе, Светската здравствена организација предвидува дека до 2030 година сообраќајните несреќи ќе бидат седма водечка причина за смрт. Иако брзината, алкохолот и неврзувањето појас сѐ уште се главните причини за сообраќајни несреќи, она за што малку се зборува, а во голема мера го попречува возењето е слабиот вид. Свесни дека безбедноста на патиштата започнува со добар вид, бидејќи преку оваа смисла добиваме 90 проценти од информациите околу нас, ФИА (Меѓународната федерација за автомобили) уште во 2017 година предупреди дека тестирањето на видот недостига во агендата за безбедност на патиштата. „Проверете го вашиот вид!“ е предупредување што буквално спасува живот, а треба да се користи во превентивните мерки многу почесто.

Очните здравствени состојби и ризик-факторот за возачите

Секој ден, повеќе од 3.700 луѓе умираат на патиштата. Младите се особено погодени затоа што суровата статистика вели дека сообраќајните несреќи се една од најчестите причини за смрт кај луѓето на возраст од пет до 29 години. Според статистиките на очните лекари, дојдено е до заклучок дека барем секој петти возач не го гледа добро патот, па очилата или леќите се неопходни при возење. Возејќи со само 50 км на час и со намален вид за 50 проценти, на возачот му требаат три дополнителни секунди за да прочита патен знак.
Ако знаеме дека кога се вози со само 50 км на час и со намалена острина на видот за 50 проценти, на возачот му требаат три дополнителни секунди за да прочита патен знак, јасно е колку се пресудни очилата или леќите при возење. Особено е проблематично возењето ноќе, бидејќи ноќе се случуваат од два до четири пати повеќе сообраќајни несреќи. Многумина погрешно мислат дека нема што да се прави ноќе, бидејќи не можеме да се бориме со светлината, ноќниот вид може да се подобри со носење очила со заштитен слој на леќите.
– Порано возачките дозволи важеа од моментот на полагање на возачки испит до 65-годишна возраст, а во 2004 година таа одлука беше изменета и важноста беше намалена на поразумни 10 години. Сепак, многу може да се сменат во тој период, особено кога личноста се приближува до полнолетството, бидејќи веќе од 40-та година многумина имаат проблеми со фокусирањето на деловните теми или читањето на слаба осветленост. Ова се нарекува пресбиопија и е природен процес на стареење на окото. Во таков случај, на возачите им се потребни прогресивни леќи, кои се дизајнирани само за нив, нудејќи им остар вид на сите растојанија со беспрекорни премини од блиску до далеку – се вели во едно истражување.

Апел за задолжителни редовни очни прегледи

Покрај редовните очни прегледи, при кои ќе се утврдат евентуалните неправилности, носењето квалитетни очила е уште една важна точка од безбедноста во сообраќајот.
– Голема е разликата дали очилата сте ги купиле доброволно или диоптријата ви ја одредило стручно лице. Дури и за возачите со навидум добар вид, навигацијата по патиштата може да биде предизвик. А што е со оние што не гледаат, бидејќи очите ги контролираат повеќето од нашите движења и одлуки додека возиме, а потоа влијаат и на брзината на реакција – велат очните лекари.
Тие додаваат дека, сепак, добрата вест е дека дури 80 проценти од сите оштетувања на видот може да се спречат, коригираат или да се излечат.
Според Светската здравствена организација, оштетувањата на видот што можат да се третираат или да се спречат погодуваат најмалку една милијарда луѓе низ светот. Со други зборови, тоа значи дека во моментот најмалку една милијарда луѓе возат по патиштата и претставуваат опасност за себе и за другите учесници во сообраќајот.

На што треба да се обрне особено внимавате, покрај далековидоста и кратковидоста?

Освен миопија и далековидост, т.е. состојба во која не можете да видите далеку или блиску, астигматизмот е исто така лош „придружник“ во сообраќајот. Астигматизмот може да се лекува, а тоа е искривување на окото, кое предизвикува заматен вид и на далечина и блиску и влијае на тоа како изгледаат светлата ноќе. Луѓето што не сакаат да возат ноќе, бидејќи возењето им е заморно и светлата „трепкаат“, дефинитивно треба да си го проверат видот.
Напрегањето на очите, таа непријатна состојба поради која се чувствуваме сонливи додека возиме, е поврзана и со слабиот вид.
– Понекогаш нема да биде доволно да правите почести паузи за време на (долго) возење, што обично се советува, туку да ја проверите диоптријата. Уморните очи денес се еден вид епидемија, бидејќи премногу гледаме на екраните. Ако сме долго време на дигитални уреди, кога ќе седнеме зад воланот, ќе изгледа како да ни е заматен видот – велат лекарите.
Според нив, големо влијание врз видот имаат паметните телефони на кои трошиме сѐ повеќе време.
– Сувите очи најчесто се резултат на долгорочно гледање на екраните, но и очите „се сушат“ зад воланот. Причината се клима уредите, кои се горе-долу стандардни во сите автомобили, а поставувањето на отворот нагоре, што е најчеста положба, предизвикува сушење на очите. Сувото око може да доведе до заматен вид, чешање и уморни очи, а сето тоа може да го влоши видот, особено ноќе – нагласуваат.
И сончевата светлина е исто така проблем во сообраќајот, а за глаукомот, кој е состојба што го оштетува оптичкиот нерв на окото, исто така е важна навремена дијагноза, бидејќи го стеснува видното поле, односно предизвикува слабеење на периферниот вид. Катарактата, која ја заматува природната леќа во внатрешноста на окото, исто така може да предизвика зголемена чувствителност на светлина. Сето тоа може да се спречи – со квалитетен очен преглед.
– Иако технологијата во возилата е многу понапредна, па во некои случаи може да реагира на лошата процена на возачот со предупредувања, таа во никој случај не е замена за добриот вид. Кога знаеме дека 3.700 луѓе умираат секој ден како последица на сообраќајни несреќи, од кои 500 се деца, јасно е дека овде не се потребни изговори. Скринингот на видот е многу едноставен, а сепак толку моќен бидејќи го спасува највредното нешто – човечкиот живот – потенцираат експертите.

[email protected]