Возач вработен во Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Северна Македонија бил лишен од слобода откако бил затекнат при примање претходно обележани парични средства, пренесе МИА.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција постапувала по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител.
Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц., вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Владата, бил затекнат при примањето на претходно обележаните парични средства, по што бил лишен од слобода.
По целосното документирање на случајот, до надлежното јавно обвинителство била поднесена соодветна пријава.
































