По спроведена акциска контрола минатата ноќ во периодот од 22:30 до 00:30 часот на територија на Битола, полициски службеници од Полициската станица и Одделението за криминалистички работи утврдиле дека два угостителски објекта точеле алкохол на малолетници.
Воедно како што информираат од Министерството за внатрешни работи во едниот објект констатирана е зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир.
Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.