Денеска полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп и полициска станица во Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства. Лицето, според соопштението на МВР е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О.(21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави велат од МВР.

Ка.М.