Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид се вршат претреси и се приведуваат лица осомничени за кривични дела против јавните финансии и платниот промет.

-Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – информираат од ОЈО ГОКК.

По завршување на акцијата, Обвинителството најавува детали за предметот.