Фото: Илустрација

Српската полиција во Белград го уапси О.Ж. (роден во 1984 година) по потерница за издржување на затворска казна за убиство извршено во Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Постапката против О.Ж. е префрлена на српските правосудни органи, на барање на македонското Министерство за правда. Уапсениот О.Ж. ќе биде изведен пред Вишиот суд во Белград според потерницата распишана од Македонија.