Фото: ЦУК

Опасен пожар се случил во селото Фалише, тетовско, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по првичната координација се упатил во тетовско.


Според пријавата за пожар во ЦУК преку Единствениот број за итни повици 112, гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш биле излезени на терен. Ангелов координирал помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и од Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми, кои може да помогнат со машинерија бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот, велат од ЦУК.

Инаку, Ангелов координира и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово не дозволуваат гаснење пожар од воздух во овој момент, додаваат од ЦУК.

Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.