Илустрација/Фото: МИА

СВР Скопје вчера поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Џ.С.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по чл. 123 од Кривичниот законик.
Имено, како што информираат оттаму, на 31 март 2023 околу 8 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело.

Пукањето и убиството во скопски Капиштец се случило по турканица во казино, лоцирана непосредно до автобуската станица.

Двајцата играчи седеле заедно во казиното на слот-машините и играле кога одеднаш станале, меѓусебно почнале да туркаат, едниот од нив го извадил пиштолот и пукал во лицето од Арачиново, кое починало на местото.