Фото: МИА

Тригодишно дете се затруло од таблети. Случајот во полицијата го пријавиле лекарите од кумановската Општа болница, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера, во 17:08 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово кое било затруено откако испило поголема количина таблети – соопшти полицијата.

На местото излегле полициски службеници од СВР Куманово кои преземаат мерки за расчистување на случајот.