Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ставен е под контрола пожарот што избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот.

Фото: „Нова Македонија“

Засега нема информации што е причината за пожарот.

Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање.