Фото: Фејсбук

Српските медиуми веќе втор ден ја информираат јавноста за исчезнатата Вања Ѓорчевска (14) од Скопје, наведувајќи ги потребните детали и фотографија за изчезнатото девојче, јави дописникот на МИА од Скопје.

Блиц, Ало, Телеграф, Нова, Курир, Мондо и други медиуми и портали, како и на социјалните мрежи во детали пренесуваат за исчезнатато девојче од Скопје, со сите потребни податоци, за возраста, личниот опис, начинот на кој изчезнала и соопшението на македонското МВР.

Се наведува и апелот на нејзините родители Зорица и Александар, секој кој има какви било информации да се обрати до најблиската полициска станица.

– Скопјанката Вања Горчевска (14) исчезна пред три дена, а во потрагата по девојчето по кое трага целиот регион сега се вклучи и Интерпол. Фотографиите на Вања се споделуваат на социјалните мрежи низ целиот регион. Информации за нејзиното исчезнување беа објавени и на платформата „Фајнд ми“ (Find Me), која е дел од мрежата „Амбер алерт“ (Amber Alert) во Европа – соопштија српските медиуми.