Илустрација / Фото: Пиксабеј

Палестинската милитантна група Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим при што загинаа три лица и повика на „ескалација на отпорот“.

– Оваа операција е природен одговор на злосторствата без преседан на окупаторот во Појасот Газа и врз децата во Џенин, на Западниот Брег, окупиран од Израел – се наведува во соопштението на исламистичкото движење.

Две вооружени лица утрово отворија оган врз автобуска постојка, при што убија три лица, а осум се повредени. Двајцата напаѓачи се елиминирани од израелските безбедносни сили.