Фото: Пиксабеј

Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Македонија.

Според полицијата во акцијата „вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис.

-На влезот во градот Елбасан се уапсени С.М. (21) и сопатникот А.М.(22), двајцата жители на Дивјак. Во автомобил „ауди“ полицијата пронајде едно парче огнено оружје „калашников“ и 114 куршуми. Во двата случаи крајната дестинација на заплената била Северна Македонија – стои во полициското соопштение.

Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.